На три дена пред истекување на роковите, Владата одлучи да им даде на сметководителите плус 10 дена за поднесување на годишни завршни сметки за лани. Тоа ќе може да се стори до 25-тти месецов, наместо до 15-тти како што првично се бараше. Иако пред само неколку недели од Владата беа децини дека продолжување на роковите нема да има, во кординација со Централен регистар донеле спротивна одлука. Како причина ја наведуваат состојбата со корона вирусот. Од Централниот регистар не ни одговорија конкретно на прашањето зошто првично ја одбија, а сега ја донесоа ваквата одлука.

„Голем број од сметководителите се заболени од вирусот и се во болнички услови, поради што не се во можност да ги запазат законските рокови“, наведуваат од Централниот регистар.

– Advertisement –

Сметководителите велат дека властите го прифатиле она што тие го бараат неколку месеци.

„Нашите барања се уште во ноември 2020 година, но само на три дена пред истек на рокот добивме прологирање кое повторно не е 15 дена, според законските можности, туку само 10 дена…. Што конкретно пресуди за конечно да се смилуваат институциите, навистина не би можела да одговорам“, рече Александра Андреева- Комора на сметководители.

Завршни сметки треба да поднесат околу 75 илјади компании. Според Централниот регистар до денеска 90 отсто од нив веќе ја завршиле оваа обврска, но според сметководителите, голем дел од сметките не се квалитетно сработени бидејќи морале да го запазат рокот, кој е сега продолжен.

Андреа Чобанова