Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар на Владата, ќе остане во притвор уште дополнителни 30 дена, потврди основниот Кривичен суд Скопје.

Зеќири ја издржува мерката притвор во затворот во Шутка. Таму е од 9 април, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поведе истрага против него за злоупотреба на службената положба и овластувања за случај со склучување на договор за консултантски услуги за „Македонски пошти“.

Екс генсекот на Владата е осомничен за склучување на договори за консултантски услуги со фирма со вкупна вредност од околу 941.985 евра што е за околу 147.000 евра повеќе од 795.000 евра, износ што бил договорен за консултантските услуги, без притоа да спроведе јавна набавка.