Првата невидлива скулптура во светот, наречена „Јас сум“ од авторот Салватор Гарау, продадена е за енормно висока цена од 15.000 евра, на италијанска аукција.

Оваа скулптура мора да биде сместена во простор со димензии 2,25 метри квадратни, се наведува во упатството што доаѓа со ова дело. Купувачот физички ќе добие само сертификат за сопствеништво над скулптурата.

Делото има историска важност и е совршена метафора на денешницата. Целосно е невидливо и како такво не може да биде репродуцирано на интернет, а не треба да се споменува фактот дека делото нема негативно влијание на околината“ – пишува во описот на скулптурата.

Празнината е ништо освен простор полн со енергија, а дури и ако го испразниме и ништо во него не остане, според начелото на Хајсенберг и ништото има своја тежина – објаснува Гарау.