Реформите не се прават заради ЕУ, туку поради граѓаните, а промени може да има само со работа дома, порачува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Како што рече Маричиќ за „360 степени“, во моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, фокусот треба да ни биде како да ги искористиме можностите што се нудат.
-Реформите не се прават заради ЕУ, туку поради граѓаните за што Европската Унија има сериозен фонд на средства за поддршка, кои треба да покажат промени на терен. Не може да очекуваме дека тоа ќе се случи со одлука, туку со реформи и работа дома. Во моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ фокусот треба да ни биде како да ги искористиме можностите што ги нуди Унијата за да се трансформираме на правилен начин, истакна Маричиќ.