Пишува: Владимир Перев

Мудроста го носи името Софија, барем според Платон, но и големите саможртвувања дадени во името на достоинството во заштитата на сопствената вера, или уште повеќе, на сопственото животно вјерују, го носат името на Великомаченицата Света Софија и нејзините три ќерки-Вера, Надеж и Љубов.

Градот Софија, престолнината на соседната ни Бугарија, веројатно во својата историја ја носел славата на Мудроста, да би за време на петстотините години ропство, да ја носи короната на Мачеништвото во опстојувањето на својата вера и идентитет. Во последниве околу сто и педесет години, Софија плови по немирните води на Мудроста и Мачеништвото, збиена во тесните географски граници на својата држава, со огромна распосланост на луѓе кои го носат својот бугарски етникум во своето сознание. Останати немоќни да се спротистават на етничките догми и националниот инженеринг, кои им ги наметнале окупаторските народи-срби и грци, нивните погледи се упатени кон Софија. Ако во Софија имале и мудрост и мачеништво, на окупираните бугари им останало само мачеништвото и понижувањата наметнати од освојувачите.

Денес во Софија овој проблем е познат. Затоа и државата прави сѐ возможно за разрешувањето на проблемите и за правата на оние бугари, кои по силата на победниците и проклетството на изгубените војни, останале вон територијата на Премудроста и Мачеништвото, а сепак го сочувале својот идентитет. За прв пат, по сто и педесет години, Бугарија ја започнува вистинската битка за својата дијаспора. За лидерите на “претходните“ Бугарии знаеме сѐ-за лудориите на царот Фердинанд и неговата Цариградска корона, за предавникот и антибугарин Стамболиски, за глупоста на цар Борис Трети стокмена како “секогаш со Германија, никогаш против Русија“, но и за Тато и неговата понизност кон Москва. Го сметаа за најверниот московски поданик, но таму беше најпрезрената личност…за руските сатрапи идејата “…никогаш против Русија“ беше израз на најдолно вазалство!

Новата гарнитура која се нафати да го разреши проблемот со дијаспората, специјално со правата на бугарите во Македонија-Румен Радев, Екатерина Захариева, Теодора Генчовска и Бојко Ноев, вети многу, но треба да се признае и дека направи многу…дури и многу, многу повеќе од најоптимистичките очекувања.

Софија води битка со времето, она прустовско време што одминало неповратно, а на кое сите со сентимент се сеќаваат. Пруст тоа го знаел најдобро, затоа што тоа го почуствувал и доживеал, па неговиот опус за изгубеното време е најмалку жал за минатото, тоа е напор минатото да се забележи, за да биде патоказ кон новите предизвици. Такви треба да бидат и патоказите на Софија во разрешувањето на македонскиот гордиев јазол.

Македонија е рак-рана на бугарското општество. Нема вистинска Бугарија без Македонија, но нема ниту Македонија без бугарска општност во неа, бугарска заедница која во Скопје ќе има решавачка ролја во креирањето на политиката на државата, како за внатрешната полтика, така и за односите во странство, дипломатијата и односите со големите заедници во светот. Тоа е sui generis право на македонските бугари и тоа треба да биде одбележано во актите на македонската држава. Само така ќе бидат залечени, не само раните на Бугарија и македонците, туку и раните на демократијата во целото балканско општество.

Новото време притиска да се решат старите проблеми. Воениот преврат на “Звенарите“ на 19 мај 1934 година, стави крај на вооружената, па делумно и на политичката борба на македонските бугари за нивните права во кралска Југославија и делимично Грција. Ерудитот Христо Огњанов, превратот го оценува како антидинастички, но тој е просрпски и антимакедонски, а во својата основа длабоко проруски/просоветски. Жртва на превратот беше ВМРО на Иван Михајлов, но најголемата жртва беше целиот бугарски народ, затоа што тој преврат отвори и врата кон окупацијата на Бугарија 1944 година, па се до 1990. Последиците се сеуште видливи, менталната окупација многу тешко се брише од свеста на луѓето, а “Стокхолмскиот синдром“ е присутен и до денес во бугарското општество. Тоа ние од Скопје јасно го гледаме, ние сме специјалисти за “Стокхолмскиот синдром“ со аромат на српска окупација и лажливи идеи за еднаквост и југословенско братство и единство.

Во времето кое измина, некои идеи и флоскули го видоизменија своето значение. Некогаш, македонските бугари живееја и пееја за “един народ од Дунав до Белото море и од Черно море до Охрид“. За нив тоа беше единствено национално и јазично пространство. Дијалектиката денес вели дека тоа пространство е нарушено со странични влијанија. Јазичното единство е одамна изгубено, откако никој во Софија и Цариград не ги слушаше плачевните, трагични пораки на нашиот Кузман Шапкарев, за единството на западните и источните дијалекти во јазикот. Русофилот Марин Дринов (и не само тој) го створи првиот јазичен раскол, за по 1944 година тоа да го доврши комунистичката/советска Бугарија со исфрлањето на “двојното е“ и “носовката“ од новата писмена норма… се отвори патот, западните дијалекти на бугарскиот јазик да се претворат во нов јазик, македонски, и со тоа навидум да се затвори прашањето за реалноста на македонскиот идентитет.

Поновите собитија кажуваат дека тоа прашање сепак не е разрешено, а спорноста за “самостојноста“ на македонскиот јазик е присутна во секој миг, онака како што е присутна и спорноста за постоењето македонска нација пред 1944 година.
Борбата за поврат на “изгубеното време“ не треба да се претвори во служење на неостварливи илузии. Ако денес Софија и бројната дијаспора имаат нејаснотии околу “единството на бугарското племе“, тоа се нејаснотии наследени низ времето. Денес имаме јасна определба дека единството се состои во единство на идеи, програми, амбиции и дејствија. Ние треба да сме заедно во органи и организации, воени сојузи и корпорациски зделки, а другото ќе си дојде само по себе. Нам ни треба информационо и финансово-банкарско-инвестиционо единство, за потоа да се дејствува на заеднички план.

Сто и педесет години македонските бугари (па и бугарите по светот) имаат проблеми со нејаснотиите во софиската политика. Денес Софија почнува да има проблеми со замагленоста на определбите на својот народ вон границите на државата. Така и треба, тоа е единствениот начин да ги разјаниме недореченостите меѓу нас самите, недоречености како резултат на злата коб и неуспешните политики во изминатиот период.

Сентенцата на Љапчев за “кроце и малку…“ е израз на поимањата на минато време. Денес треба да се налага на материјални бенефити и политички израз. Затоа треба да се финансираат институциите надвор од Бугарија за одбрана на нејзините цености, а на припадниците на бугарската општност да им се издаваат документите по нивно лично барање и со, до крајност, упростена постапка.
Бугарите вон границите на државата, не треба да се доживуваат како некои кои сакаат да го исползуваат актуелниот подем на државата во европските и светски рамки, туку Софија треба да покаже идеја за единство. Ние овде, во Македонија и низ светот, сме чуварите на идејата на нашите предци за единството на бугарскиот народ, јазик и култура. Тоа го знаат сите. Да се надеваме дека, во иднина, нашите и софиските проблеми ќе бидат исти, дека ќе престане времето кога “ние“ имавме посебни проблеми со Софија! Да бидеме заедно, во Мудроста и Мачеништвото…