Се чини дека пандемијата со коронавирусот направи проблеми на многу клубови, а меѓу нив секако е и Интер. Пред само неколку дена во голема финансиска криза западна „Сунинг“ кој е главен спонзор на Интер, поради што мораше да продаде одреден број на акции.

Но, најновите информации велат дека Интер, освен тоа што должи рата за Хакими на Реал Мадрид, должи и за Ромелу Лукаку на Манчестер Јунајтед. Сега, англискиот тим притиска за исплата, а дури го бараат и Лаутаро Мартинез.

Интер наводно му должи на Јунајтед исплата на 4,5 милиони евра, на име на бонуси, поради што Јунајтед може да активира клаузула и да направи проблеми на лидерот во Серие А.