Фудбалерот на Барселона Самуел Умтити не попушта, не сака да замине. Во Каталонија, ниту тренерот Роналд Куман, ниту раководството, па ниту навивачите не го сакаат повеќе во тимот. Но, Умтити одбива да замине.
За него Бенфика понудила 10 милиони евра, што Барселона експресно би прифатила, со цел да се ослободи од него, но и неговата плата, но тој ја одбил можноста да се пресели во Лисабон.
Одлучен е во намерата да остане во Барселона и да го убеди Куман дека може да помогне. Утре вечер Барселона ја отвора новата сезона против Реал Сосиедад.