После Ф1 шампионот, Луис Хамилтон, уште еден случај на коронавирус е потврден во „најбрзиот циркус на светот“. Возачот на Мекларен, Ландо Норис ја информираше јавноста дека е позитивен на ковид-19.
Во понеделникот Норис соопшти дека го загубил сетилото за мирис и вкус, по што веднаш отиде во изолација и беше тестиран, а резултатите беа позитивни на коронавирус.
– Добро се чувствувам и немам други симптоми, но сакав да ја информирам јавноста – рече Норис.
Воедно ги извести сите со кои беше во контакт, а наредните 14 дена ќе ги помине во изолација.
Минатата сезона членот на Мекларен ја заврши на деветтото место и учествуваше во освојувањето на третото место на тимот во конкуренцијата кај конструкторите.