Над 30 лица го загубија животот, меѓу кои 13 деца во најсмртоносните напади на израелската армија во Газа од почетокот на бомбардирањата во понеделникот. Вкупниот број на жртви во Газа се искачи на 181, од кои 52 деца. Две деца се меѓу десетиците жртви и во Израел. Тензичната ситуација ги интензивира напорите на некои земји да издејствуваат примирје. Европската Унија ќе свика вонреден состанок на министрите за надворешни работи, Организацијата за исламска соработка одржа итен состанок и повика на прекин на израелските воени удари врз Појасот Газа. Во меѓувреме, во многу земји се организираат маршеви и протести за поддршка на палестинскиот народ. Протести имаше и во Скопје.

Advertisements

„Палестина мора да ја оставаат на мира. Она што се прави таму не е човечко. Најстрашните убиства се убиствата на децата. Тоа е целосно нехумано. Треба да престане.“

„Обединетите нации мораат да гледаат на тој дел од светот. Да се види теророт и геноцидот кој се врши врз народот на Палестина без оглед на која религија припаѓаат без разлика дали се христијани или муслимани.“

„Дојдовме тука за Палестина, а не за ислам или христијанство.“

„Идејата за палестинската кауза не е само религиозна, туку станува збор за идентитет и за човекови права.“

Мировните преговори за решавање на израелско-палестинскиот конфликт траат со децении, но засега без успех.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе