Луксузниот, посебно опремен авион на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е приземјен недалеку од Њујорк.
Личниот „Боинг 757“ отсекогаш бил сметан за круна на неговото богатство, а опремен е со детали од 24 каратно злато.
Авионот бил приземјен бидејќи на едниот мотор му недостасуваат делови, а другиот е конзервиран и замотан во пластика. Трошоците за ремонтот и поправките се проценуваат на милионски износи.