Привремен режим на сообраќајот ќе биде воведен вечерва кај Градската болница поради снимање на филмот „Збогум, Копакабано“ на режисерот Милчо Манчевски.
„За потребите на снимањето на филмот ‘Збогум, Копакабано4, во режија на Милчо Манчевски, во продукција на ‘Банана филм’ и во соработка со МВР и ЈП ‘Улици и патишта’, известуваме за шривремен режим на сообраќајот на булеварот 11 Октомври во Скопје, поточно од раскрсницата кај Црвениот крст до раскрсницата кај Градската болница“, велат од ПР-тимот.
Привремениот режим е предвиден за 31.7.2025 (четврток) во времетраење од 22 до 4 часот во раните утрински часови.
Текстот Привремен режим на сообраќај во Центар поради снимање на филм е превземен од МАКФАКС.