Полициски службеници попладнево лишиле од слобода тетовец, откако кај него е пронајдена и одземена дрога, соопшти МВР.
– Денеска во 16:15 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје е лишен од слобода З.Х.(48) од Тетово, бидејќи кај него при извршен преглед е пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. З.Х. е приведен во полициска станица, наведуваат од Министерството.
Оттаму посочуваат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 по Кривичниот законик.