Денеска (16.08.2021) од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода М.Х.(49) од Скопје, кој бил затекнат при извршување на кривично дело ,,тешка кражба” во деловен субјект на ул.”Македонско-косовска бригада”.
Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело и алат со кој ја извршил кражбата.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.