Синоќа во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул. „Илинденска“ во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње.

Како што соопшти МВР, кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути.

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднeсок.