Вчера во 20.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 50-годишниот С.О. од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал С.О. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта.

Денеска во 02.45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода 18-годишниот Д.С. од Делчево. При контрола во патниот сообраќај и по преземени мерки било констатирано дека дека е под дејство на алкохол, односно дека управувал патничко возило „сеат“ со делчевски регистарски ознаки со 1,62 промили алкохол во крвта.

Додека, вчера во 23.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот Д.В. од Македонска Каменица затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „форд фиеста“ со регистарски ознаки на Македонска каменица со 1,53 промили алкохол во крвта.

Лицата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.