Полицијата синоќа во Гостивар ги лиши од слобода Е.К. (23) од гостиварско Калиште и М.О. (37) од скопско Шуто Оризари.
Како што информира МВР, лицата се сомничат дека околу 13:45 часот со употреба на сила и подесен алат влегле во подрум од зграда на улица „19 Ноември“ во Тетово и одзеле велосипед, сопственост на тетовецот Ј.Ш. (32).
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.