Денеска (02.08.2021) во 13.45 часот во с.Брвеница од страна на полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.М.(55) и Б.М.(26), и двајцата од с.Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “повреда на авторско право и сродни права”.
Имено, при претрес извршен во домот на С.М. пронајдени се и одземени се 6 лап-топ компјутери, 7 боксови за ИП компјутери, два персонални комјутери, 31 УСБ, 3 боксови Амазон и список за клиенти.
По документирање случајот против нив ќе биде поднесен поднесок во врска со член 157 од Кривичниот законик.