Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово синоќа во 00:15 часот го лишиле од слобода И.Б.(39) од Тетово.
Како што информира МВР, при контрола извршена во неговиот угостителски објект во Тетово, биле пронајдени 37 пакувања марихуана, дигитална вага, реквизити за организирање комар (чипови, карти и коцка) и нож.
И.Б. е задржан во Полициската станица Тетово, во тек е претрес во неговиот дом и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни, законски предвидени поднесоци.
Во објектот бил приведен и Д.Х.(21) од Тетово, кај кого бил пронајден и одземен нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.