Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода А.Ј.(22) и М.Д.(19), двајцата од Штип, затоа што во товарното возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ј., а М.Д. бил совозач, биле пронајдени 12 мигранти. Седум од мигрантите биле од Сирија, два од Египет и три од Пакистан.

-Околу 13.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај наплатна станица Смоквица,  полициски службеници дале знак за запирање на возилото, но, тоа не застанало и продолжило со движење. Набргу возилото било запрено. Лицата се обиделе да побегнат, но, биле фатени и приведени. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, велат од МВР.

А.Ј. и М.Д. биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.