Утрово МВР привело наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Општина Аеродром. Лицето се сомничи за нелегална продажба на дрога. Во врска со оваа информација, на својата фејсбук страна се огласи градоначалникот на оваа општина Тимчо Муцунски.

„Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“. Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.”>Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот.“, пишува Муцунски.

Приведувањето е дел од организирана акција на Министерството за внатрешни работи во која со основен сомнеж се приведени повеќе лица.

„Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот.Аеродром е општина која инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано.“, дополнува Муцунски.

Во училиштето наставниот кадар и надлежните раководни лица се во координација за натамошните информации до јавноста и загрижените родители на децата кои учат во ова училиште.

Превземено од Новатв.мк