Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска е приведена 34-годишна битолчанка која била барана со потерница за издржување на затворска казна.

– Полициски службеници од полициска станица од општа надлежност Битола денеска од улица „Караорман“ во Битола  ја лишиле од слобода Е.А.(34) од Битола, која била барана по судска наредба од Основен суд Битола за издржување на затворска казна. Е.А. е спроведена  во Казнено поправен дом „Идризово“ Скопје, информираат од МВР.