Вчера, по полноќ, полициски службеници од  Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип.

Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот инвентар, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на обдукција.

По целосно документирање на случајот, против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Текстот Приведен жител на Таринци, кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на татко му е превземен од МАКФАКС.