Синоќа во велешкото село Горно Оризари полициски службеници го приведоа 46-годишниот Е.Л., откако со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.
Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Лицето било приведено во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Приведен жител на Горно Оризари поради предизвикување пожар е превземен од МАКФАКС.