Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, вчера во 13 часот го лишиле од слобода и привеле Ф.И.(35) од Скопје за издржување затворска казна од три години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.