Полициски службеници синоќа на регионалниот пат Плачковица-Штип лишија од слобода 33-годишен радовишанец, по кого била распишана централна потерница за доиздржување на затворска казна од 4 години, 9 месеци и 5 дена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

– На 11.06.2021 во 21.15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потрага и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со СВР Штип, на регионалниот пат Плачковица-Штип, с.Таринци, бил лишен од слобода Е.А.(33) од Радовиш, информира МВР.

Во соопштението се посочува дека лицето е осудено на вкупна затворска казна од 7 години и 3 месеци, во врска со член 378 од Кривичниот законик. Е.А. бил предаден во СВР Штип за понатамошна постапка по што ќе биде предаден во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.