Полицијата го приведе нејзиниот колега, А.Б.(52),  кој се сомничи за предизвикување опшгта опасност.

На 30 април во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот.

За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје.

По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Приведен полицаец од Струмица кој пукнал во канцеларија додека проверувал пиштол е превземен од МАКФАКС.