Бизнисменот Орце Камчев за кого се води постапка во случајот „Империја“ е приведен. Според извори од Обвинителството, Агенцијата за национална безбедност имала информации дека тој се подготвува за бегство, па Обвинителството побарало притвор. Во моментов Орце Камчев е на распит во Кривичниот суд ја судија на претходна постапка.
Во „Империја“, како што своевремено соопшти СЈО, станува збор за финансиски криминал односно перење пари преку фирми во земјава и офшор-компании, а се истражуваат неколку кривични дела, како злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. Покрај Камчев, осомничени сè уште 12 лица, меѓу кои и Сашо Мијалков, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.