Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага, денеска во 15:40 часот во атар на село Подгорци, го приведоа А.А. (32) од с.Подгорци, Струга, кој се барал по распишана потерница од КПУ-Затвор Струга во врска со извршено кривично дело силување, осуден на две години казна затвор, соопшти МВР.
Лицето, како што се посочува, ќе биде предадено на казнено поправната установа.