Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола денеска го приведоа В.В. (54) од битолското село Лопатица.

Како што соопшти МВР, лицето е приведно по добиени оперативни сознанија за кривичното дело „предизвикување општа опасност“, односно намерно предизвикување пожар во село Лопатица.

По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена кривична пријава.