Полициски службеници од Полициската станица Центар вчера привеле малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, околу 12:30 часот кај Зелено пазарче тој физички ја нападнал Ј.С.(79) од Скопје и ѝ одзел пари. Набргу потоа, малолетникот бил пронајден и приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.