На регионалниот пат Старо Нагоричане – Пелинце вчера при полициска контрола на товарно возило со велешки регистарски ознаки биле пронајдени 44 мигранти. Приведен е 27-годишниот Д.С.(27) од Велес.
– На 20.09.2023 во 17:20 часот на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Д.С.(27) од Велес. При контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници, информира денеска МВР.
Д.С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.