Денеска во 08 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово.
Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Љ.Р. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.