Полицијата во Богданци вчера околу 16 часот го лишила од слобода Џ.П.(46) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Како што информираат денеска од МВР, лицето биле приведено во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.