„Телма“ објави дека е приведен членот на Советот за јавни обвинители Иџет Мемети. Наводно Мемети се сомнева дека заедно со Наќе Гоергиев имал влијание и ја злоупотребил позицијата во Советот, во случајот барање мито за олеснителни околности за екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.

Според првичните неофицијални информации, има сомненија дека Мемети заедно со судијата Наке Гeоргиев имал влијание, злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители, во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.