Шеесет и деветгодишник од Слошетица, демирхисарско е приведен поради предизвикување на општа опасност, објави МВР.

„Во Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во селото Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела“, се вели во информацијата.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Текстот Приведен демирхисарец – запалил гранки, па огнот зафатил куќа и плевна е превземен од МАКФАКС.