Полицијата од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево вчера го привела 26-годишниот А.И. од село Палиград, во чие возило биле пронајдени огревни дрва без потребната документација.

– На влез во село Долно Количани, при преглед на патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И., биле пронајдени огревни дрва без потребната документација. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.