Притвор од осум дена им е определен на двете лица од Кавадарци кои нападнаа полициски началник во локал во градот

Против нив е поведена постапка за напад врз службено лице.

„Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога. Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини“, информираа од Обвинителството.

МВР претходно вчера информира дека нападот се случил околу 3 часот по полноќ.