Штипското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело полов напад врз дете што не наполнило 14 години.
На 14 јануари осомничениот жител на Кратово извршил обљуба врз 12-годишно девојче од пробиштипското село Трипатанци.
За да го принуди девојчето на сексуални односи, тој извадил нож, ѝ го ставил на вратот на оштетената и ѝ се заканил.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип определил мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена.