15-дневен куќен притвор е одреден за 16-годишникот кој пред два дена удри во доктор професор Ѓорѓи Јота кога се обидувал да ја помине улицата кај Клиничкиот центар Мајка Тереза. Воедно судот определи, на барање на обвинителството, да му биде одземена патната исправа.

За него нема да се води класична истрага, туку постапка по Законот за права на децата.

Тешко повредениот 58-годишен доктор има тешка повреда на главата и е во кома во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ.