Искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани би можел да ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.

Враќањето на Роналдо на „Олд Трафорд“ беше најмалку погодно за Кавани, кој оваа сезона го гледа натпреварот од клупата.

Тој е незадоволен од својот статус, па би можел да го напушти Театарот на соништата во јануари, а како негов нов клуб се споменува Реал Мадрид.

Наводно, тие бараат напаѓач во Реал, а Кавани е на врвот на листата со желби на италијанскиот стручњак Карло Анчелоти.

Уругвајскиот напаѓач оваа сезона одигра вкупно три натпревари за „црвените ѓаволи“, еден во Лигата на шампионите и два во шампионатот, но на сите натпревари влезе од клупата за резервни играчи.

Од друга страна, минатата сезона беше незаменлив, односно одигра вкупно 39 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и постигна 17 гола на кои додаде шест асистенции.

Покрај за Јунајтед, Кавани во својата богата кариера играше за Данубио, Палермо, Наполи и ПСЖ.