Пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, денеска ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје. Пратката ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Џанг Ѕуо.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на „Фејсбук“ објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.