По повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини против Ковид-19, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска во 13 часот ќе одржат прес-конференција.
Прес-конференцијата ќе се одржи пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Новата пратка вакцини доаѓа откако во неделата во земјава преку Ковакс механзимот пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ произведени во Јужна Кореја, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“, наменета за ревакцинација на 3000 здравствени работници.
Според најавите, до крајот на април преку Ковакс механизмот во земјава треба да пристигнат уште 76.000 вакцини од „АстраЗенека“, како и дози од други производители, со кои треба да продолжи процесот на масовна имунизација на населението, што започна од вчера со вакцинација на лицата повозрасни од 77 години.