Пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата, соопштуваат од Министерство за здравство. Од таму велат дека станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Од министерството истакнуваат голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, соопштуваат од Министерството за здравство.