Вакцините „Астра зенека“ што пристигаа денеска на аеродромот Скопје преку ковакс механзимот се произведени во Кореја. Со нив вакцинацијата треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови. Покрај 24.000 -те илјади дози што на здравствените власти им беа испорачани денеска во присуство на дипломатскиот кор и претставници на СЗО и УНИЦЕФ, за до крај на април преку Ковакс има најава за уште 76.000 вакцини од истиот производител за нашата држава.
Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, со овие вакцини први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови.
-Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во фрижидерите кои веќе постојат во вакциналните пункотови во здравствените домови поради тоа што ова вакцина што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму, изјави Филипче.
Како што поајсни, во вакциналните пунктови кои се делови од здравствените домови се спроведува вакцинацијата од редовниот календар и имаат кадар со искуство во спроведување на вакцинацијата. Досега, информира Филипче, сите беа повикани и едуцирани во делот на некои специфични вакцини од страна на експертскиот тим. Во секој здравстевн дом буквално има опрема и практично мини вакцинален пункт што значи дека во секој град ќе се спроведува така како што се спроведува и редовната вакцинација, рече Филипче.
Тој се заблагодари на меѓународните претсавници за помошта за транспортот и приемот на вакцините изразувајќи надеж во континуитет на достава на вакцини преку Ковакс механизмот, од каде, како што рече, според досегашните сознанија, во април во држвавава треба да пристигнат дополнителни 76 илјади дози од производителот „АстраЗенека“.
-Во развивање на ковакс механизмот инвестираа и учествуваа многу држави во светот, СЗО, Глобалната алијанса за имунизација со цел да имаме еднаква и правична распределба на вакцините ширум светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји клои го поддржаа овој систем посебно на претставниците на пријателските земји за нас кои се денеска тука со нас САД, Германија, Велика Британија, Франција, како и на претставниците и на СЗО и на УНИЦЕФ со чија помош го организиравме целокупниот систем за транспорт за прием и понатаму за користење на овие вакцини, а врз основа на искуствата на сите земји каде што се користат, изјави Филипче.
Сега, посочи, сме целосно посветени системот на имунизација да се спроведе брзо и ефиаксно, имаме најави и за пристигнување на други вакцини во текот на овој месец, очигледно очекувањата во делот на времето не се исполнија, но имајќи предвид дека е огромна побарувачката, добро е што системот покажа дека функцонира така како што е замислен и дека ќе продолжи да функционира на овој начин за да знаеме во следните месеци колку вакцини може да стигнат преку ковакс системот за едноставно процесот на имунизација кога ќе започне да има континуитет, изјави Филипче.
Покрај дополнителните 76.000 дози преку ковакс системот, како што рече, вчера имавме добри вести и од ЕУ, во април треба да пристигнат и други вакцини од Кина, што значи дека сите пријавени како ризични категории според приоритеите ќе бидат повикувани преку овој систем, како што ќе доаѓаат вакцините, а место за масовна имунизација ќе биде салата „Борис Трајковски“.