Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини „АстраЗенека“ од Грција.
-Денеска од нашите пријатели од Владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини ‘АстраЗенека’. Оваа поддршка од грчката Влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос и грчкиот народ се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето не поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел“, наведува Филипче во објавата.