Пристигна серверот потребен за спроведување на системот за гласање со отпечаток на прст за локалните избори во октомври. Со серверот пристигнаа и 10 станици за полнење на терминалите со информации за гласачите и тој сега ќе биде подложен на тестирање.
-Сега во просториите ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран за полнење. Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу важна таа операција, да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнење, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски, додавајќи дека процесот се одвива подобро од очекуваното.