Репрезентацијата на Португалија го заврши патувањето на Европското првенство во осминафиналето.
Португалците пристигнаа на ЕУРО како актуелни европски шампиони и имаа намера да ја одбранат титулата, но нема да успеат.
Португалија испадна од натпреварувањето во осминафиналето бидејќи во Севилја беа поразени од Белгија со 1:0.
После мечот, во центарот на вниманието се најде Кристијано Роналдо, кој ја фрли капитенската лента, поради што се најде на мета на големи критики од португалската јавност.
Јасно е дека Роналдо секогаш сака да биде победник, па затоа му падна тешко испаѓањето од Европското првенство.
Поддршката од своето семејство ја имаше од трибините, кои го следеа секој натпревар од селекцијата на Португалија. Георгина Родригез, беше во центарот на вниманието поради интересен детал.
Имено, на една од фотографиите од трибините на стадионот во Севилја се гледаше како Георгина носи микрофон и на многумина во тоа време не им беше јасно зошто била жичена.
Сепак, наскоро после тоа, пристигна објаснување од нејзиниот ПР-камп. Георгина носеше микрофон бидејќи Нетфликс моментално снима документарен филм за нејзиниот живот.
Овој документарец ќе го носи името „Георгина“, а целта е да покаже како е да се биде во љубовна врска со еден од најдобрите спортисти во светот.
Георгина пораснала во малиот шпански град Јака, а на 17-годишна возраст се преселила во Мадрид каде започнала да гради кариера. Таа работеше во продавница на Гучи во Мадрид каде го запозна Роналдо, а сè друго е историја.
Таа е многу посветена на својот семеен живот со португалскиот фудбалер, но одлично се снаоѓа и во бизнисот. Таа потпиша неколку богати спонзорски договори, а шлаг на тортата беше понудата на Нетфликс, која ја прифати без двоумење.