Един Џеко остана во Рома, иако претходните денови се зборуваше многу за тоа дека ќе го смени клубот.

Џеко неодамна имаше конфликт со тренерот Пауло Фонсека, поради што ги следеше претходните два натпревари на римскиот клуб од трибините.

Многу се зборуваше дека Џеко дефинитивно ја напушта Рома, а римскиот клуб најмногу преговараше со Интер. Сепак, на крајот не беше постигнат договор и напаѓачот на БиХ остана на „Олимпико“.

Утрово беше објавено дека е донесена таква одлука затоа што Алегри треба да ја преземе клупата на Рома на лето и тој покажа желба кон челниците на клубот да го задржат Џеко.

Затоа ќе биде потребно Џеко и Фонсека да најдат заеднички јазик, бидејќи за никого не е од интерес Џеко да ги гледа натпреварите на „Волчицата“ од трибините до крајот на оваа сезона.

Кориере дело Спорт објави дека денес е „Денот Д“, што се однесува до Џеко и неговата судбина во Рома, додека Фонсека е тренер. Имено, Џеко и Фонсека денес ќе имаат состанок за да се обидат да најдат заеднички јазик и да го решат проблемот што го имаат.

loading…