Во изминативе неколку дена активно се работеше на изградба на нови пристапни патеки, паркинг места и зелени површини во населбите Расадник и 11 Октомври (згради) на површина од над 1000 квадратни метри, информираат од Општина Кисела Вода.

– Грдата слика за Кисела Вода заминува во историјата. Нашата мисија е модерна, урбана и европска општина за која ќе се зборува во суперлативи. Во периодот што следи, откако ќе завршиме со отпочнатите градежни активности во другите населби, ќе продолжиме да го уредуваме и оплеменуваме просторот во нив. Креираме подобри услови за живот за нас, нашите деца и нашата Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Од Општина Кисела Вода известуваат дека се изведуваа градежни активности за обезбедување на нови паркинг места во 11 Октомври–згради,  со што, како што велат, се реши еден од поголемите проблеми со кој се соочува жителите од оваа населба.

– Исто така, се уредија и пристапните пешачки патеки кои со години наназад беа оштетени, заедно со  влезовите и патеките помеѓу зградите, но се обновува и проширува  и зеленилото, со што Кисела Вода добива модерен и урбан лик, искатнуваат од локалната самоуправа.