Покрај бројните шампони препарати за коса кои можат да ве чинат многу пари и енергија додека да го направите најсоодветниот избор, постојат и поедноставни решенија кои можат да бидат корисни, особено во борбата против првут.
Првутот е чест одговор на алергии, изложеност на стрес, употреба на погрешни производи за нега на коса, климатски услови и промени на температурите, но и прекумерна консумација на солена, кисела или премногу зачинета храна.
Првутот е често придружен со несакани ефекти како што е иритација во различни форми како чешање, а во потешки случаи, црвенило и печење.
Алое вера
Поддржувачите на алтернативната медицина веруваат дека гелот од алое вера е најефективниот природен препарат против првут.
Излупете го листот од растението алое, извадете го зелениот дел и нанесете го проѕирниот гел на скалпот. Почекајте кожата да го апсорбира гелот. Исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон.
Маслиново масло и ѓумбир
Мешавина од маслиново масло и свеж корен од ѓумбир исто така дава добри резултати во третманот на првут.
Изрендајте корен ѓумбир со големина на палец во половина чаша маслиново масло. Потоа истријте ја смесата на скалпот во благи кружни движења, оставете да делува некое време, па потоа убаво измијте ја косата.
Коренот на ѓумбир има антиинфламаторно дејство и го смирува црвенилото, а маслото има корисен ефект врз скалпот.
Маска од бадеми и маслиново масло
Првутот може да се ублажи и со употреба на маска направена од топло маслиново масло и масло од бадем во еднакви размери.
Загрејте ги двата вида масло додека не бидат млаки, а потоа нанесете на косата и скалпот. Завиткајте ја косата во алуминиумска фолија и крпа и оставете ја маската да отстои најмалку половина час. Потоа исплакнете ја косата и измијте ја со шампон.